Физички лица

Контакт & Услуги

Ул. Пиринска 23
спроти соборен храм Св.
Климент Охридски, Скопје

+389 (0) 2 310 96 73 +389 (0) 2 311 88 55 office.skopje@grawe.at
Inhalt:

ГРАВЕ Елит 20 плус

 
Граве Елит 20 плус е осигурување на живот кое заедно со познато покритие (доживување на осигурувањето, смрт како последица на болест и смрт како последица од незгода) без дополнително осигурување овозможува осигурителна заштита за одредени тешки болести.
 

Ова осигурување содржи штеден дел и дел за заштита и осигурување на здравјето на корисниците, каде корисникот во случај на дијагноза на една од осигурените тешки болести има право на исплата на целокупниот осигурен износ заедно со добивката што му припаѓа до тој период, што му овозможува финансиска сигурност во периодот на лечење, со што осигурува сигурна иднина за себе и за своите најмили.

Во случај на смрт како последица од несреќен случај на корисникот му се исплатува двократен осигурен износ заедно со до тогаш остварената добивка. Дополнителна предност која Ви е овозможена во облик на заштита со Граве Елит 20 плус е кога болеста или несреќниот случај предизвикуваат привремена или трајна неспособност на осигуреникот.

Согласно условите на социјалниот систем лицата погодени од таквата состојба по 42-от ден од работната неспособност остануваат без правна заштита додека Граве осигурување своите корисници кои договориле Граве Елит 20 плус после 42-от ден од работна неспособност ги ослободува од плаќање на премија за осигурување се до престанување на работната неспособност на осигуреникот, завршување на договорот или со наполнети 65 години живот.

Тешки болести кои се покриени со Граве Елит 20 плус осигурување се:

  • срцев инфаркт,
  • бајпас операција на коронарните артерии,
  • карцином,
  • мозочен удар,
  • хронично болни бубрези,
  • трансплантација на органи,
  • мултипла склероза,
  • парализа,
  • слепило,
  • операција на аорта,
  • замена на срцеви залистоци(валвули),
  • бенигнен мозочен тумор,
  • кома,
  • хронично заболување на црниот дроб,
  • терминална хронична опструктивна болест на белите дробови,
  • загуба на екстремитети,
  • тешка траума (повреда) на главата,
  • тешки изгореници,
  • загуба на гласот и функција на говорот,
  • глувост(загуба на слухот).

ПЛУС: Додатно покритие за деца!