За нас

Контакт & Услуги

Ул. Пиринска 23
спроти соборен храм Св.
Климент Охридски, Скопје

+389 (0) 2 310 96 73 +389 (0) 2 311 88 55 office.skopje@grawe.at
Inhalt:

ГРАВЕ Концерн

 
 

“Безбедно осигурување за сите“ беше мотото на надвојводата  Johan во основањето на Grazer Wechselseitige во 1828 година. Од почетното осигурување за ризик од пожар, се разви меѓународен осигурителен концерн. Осигурување, финансиски услуги и недвижности се полињата на кои работи GRAWE концерн.

Тринаесет централноевропски осигурителни друштва се доказ за меѓународна ориентираност. Стабилноста и високото место на пазарот за осигурување резултира во успех кој трае веќе 180 години.

Grazer Wechselseitige group се вбројува помеѓу најголемите австриски осигурителни компании со годишен прилив на премија која надминува 720 милиони евра и број на договори за осигурување кој изнесува околу 3,8 милиони во целата групација. Љубезноста, советите и прилагодливоста на производите на Grazer Wechselseitige Versicherung AG се гаранција за меѓународен квалитет кој е усогласен со локалните закони за осигурување.


Финансиската стабилност на GRAWE концернот се отсликува преку сопствениот капитал, кој е далеку над пазарниот просек, како и конзервативниот пристап и политиката на вложување. Средствата кои клиентите ни ги доверуваат најчесто се вложуваат во обврзници, државни записи и депозити во банки. Ако се стават во однос капиталот и обврските, ГРАВЕ е едно од најпостојаните осигурителни друштва. И покрај тоа што е дозволено да се применува поедноставна проценка на активата на Друштвото, GRAWE концернот и понатаму согласно својот конзервативен начин на проценка на активата истата ја проценува по строгиот принцип на пониска вредност.

GRAWE согласно планот, реализира и нови проекти во областа на недвижностите и тоа во Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Македонија, што во иднина отвара нови можности за работење и понатамошно инвестирање.