Правна поука

Контакт & Услуги

Ул. Пиринска 23
спроти соборен храм Св.
Климент Охридски, Скопје

+389 (0) 2 310 96 73 +389 (0) 2 311 88 55 office.skopje@grawe.at
Inhalt:

Правна регулатива

 
 

ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје гарантира дека сите информации кои можете да ги најдете на оваа web страна се точни и комплетни. Можно е да содржат грешки кои не се намерно предизвикани и кои се апсолутно случајни.

Во таа смисла, ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје не предвидува превземање на никаква одговорност за содржината на оваа web страна, вклучувајќи ги и линковите и сите останати информации кои се директно или индиректно искористени на оваа web страна. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје го задржува правото за измени и дополнувања на содржината на оваа web страна без претходна најава. Тоа ја прави ништовна секоја обврска заради неточна информација на web страната и за секоја одлука која врз основа на информациите земени од оваа страна ја донесуваат корисниците, односно секоја одлука ја носат на своја сопствена одговорност. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје не превзема никакава одговорност за материјална или нематеријална штета од било кој вид, независно дали е настаната директно или индиректно, како и било какво директно или индиректно користење на содржината на оваа web страна.

Доколку поинаку не е нагласено, авторските права за сите документи употребени на оваа web страна (вклучувајќи слики, илустрации, извадоци, анимации и останато) како и сите алатки употребени за нивно креирање ексклузивно му припаѓаат на ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје. Во поглед на поврзаноста на правата (општо имотно право, право на индустриска сопственост, авторско право и други права), како и лиценци, никакви права не се гарантирани на трети лица. Секое превземање и употреба на материјалот од оваа web страна без дозвола на ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје е забрането и е предмет на правен однос. Овој правен однос посебно се однесува на репродуцирање, филмување, чување и процесуирање на овие материјали со помош на електронски системи (интернет, интранет, ЦД-ром и останати носачи на податоци). Репродукција на знаците (така како што се регистрирани или на логото) е експлицитно забрането иако се означени со симболите ® или ™. Сите претходно наведени правила се однесуваат истотака и на Софтверот кој може да биде достапен или превземен од страната на ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје. Доколку трето лице овозможи Софтверот да биде достапен по пат на линк, корисникот е должен да се запознае со условите за користење на тој провајдер.

Корисникот кој ќе објави информација на web страната на ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје, согласен е дека ги пренесува неограничените права поврзани со таа информација во било која форма на ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје. Информацијата примена од корисникот не е предмет на тајност. Личните информации на корисниците на web страната се заштитени и може да бидат искористени само за поддршка и ажурирање на податоците на корисниците.

Со пријавувањето за билтен или учество во наградни игри, податоците на корисниците ќе бидат сочувани на серверот на ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје. Со таквите активности, корисникот станува регистриран посетител на web страната и прифаќа да добива обична или електронска пошта со информации од ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје. Корисникот може во секој момент да ја поништи таквата пријава во писмена форма. Податоците од регистрираните корисници нема да бидат препратени на трети лица. Интернет сервисот на ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје е поткрепен со firewall систем а со тоа и податоците на корисниците се заштитени од надворешен пристап.

Во случај на било каков спор надлежен е судот во Скопје.

ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје
Ул. Пиринска 23
1000 Скопје
Телефон: +389 /2/310-96-73
Факс: +389 /2/311-88-55

E-Mail: office.skopje@grawe.at
Web:http://www..graweskopje.mk

Организација на Друштвото: Акционерско друштво со седиште во Скопје
Регистерски број:30120070001886
Надлежен суд : Судот во Скопје
Надлежна институција: Агенција за супервизија на осигурување